Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев го отвори 25. Конгрес на неговата партија при што ги нагласи сите успеси и изборни победи на СДСМ.
-Убедливо победивме на локалните избори во 2017. Над 600.000 граѓани гласаа ЗА ЕУ и НАТО и додоа масовна поддршка за патот напред. На тој референдум видовме дека патот напред нема достоен противник. СДСМ е превдовник на оваа интеграциска политика. За само три години станаваме членка на НАТО и добивме датум за прегововори со ЕУ. На претседателски избори Северна Македонија доби претседател предложен од СДСМ. СДСМ обединува и води напред. И повторно победа. Победивме и на парламентарни избори оваа година. И еве не денес, ја имаме честа и одговорност да ја водиме државата напред. Во скратен мандат од 3 години постигнавме многу, порача Заев.