Италија затвора цели сектори поради зголемениот број на заразени

by lali

Италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша нов пакет рестриктивни мерки во борбата против новиот корона вирус, вклучително и задолжително затворање на барови и ресторани по 18.00 часот, јави ДПА.

Уредбата на Конте предвидува и затворање на киносали, театри, спортски сали, базени, скијачки центри, сали за концерти, трговски саеми и конференции, според копијата на документот во која имаа увид од германската новинска агенција.

Со неа се обврзува најмалку 75 отсто од учениците да се префрлат на учење на далечина, а исто така „силно им препорачува на граѓаните“ да не примаат гости во своите домови и да откажуваат помали патувања.

Новите ограничувања стапуваат на сила од понеделник до 24 ноември.

Баровите и рестораните ќе испорачуваат нарачки во домови само по 18.00 часот. Музеите ќе останат отворени, но со ограничен број посетители. Владата се обидува да запре втор бран на инфекција со коронавирусот. Вчера беа пријавени се 19.644 случаи, а 151 починале – најмногу во изминатите пет месеци.

Поврзани новости