Премиерот Зоран Заев, денеска, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека го осудува нападот врз претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, од страна на синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери.
-Тоа е недозволиво, тоа е чин на кривично дело. МВР отвори случај и се надевам дека ќе поднесе соодветни пријави. Јас ја користам приликата да го осудам ваквиот атак врз претседателот на РКЕ, го осудувам овој настан, истакна Заев.
Во понеделникот, синот на Муса Џафери, Аријанит Џафери физички го нападна претседателот на РКЕ Бислимоски пред кафеана на улица „Боемска“. Причината поради која ескалирала ситуацијата е поради тоа што Регулаторна отворила постапка за одземање на лицената на фирмата „У Повер“ поради недолично однесување на пазарот со струја, а чиј сопственик бил токму Аријанит Џафери. Тој вчера го признал делото и заработи кривична пријава.