Мандатарот Зоран Заев, вечерва по седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти предлогот за состав на новата влада, кој како што рече, треба да биде прифатен и од Собранието.
Новата Влада на Македонија ќе има 15 министерски ресорни места. Централниот одбор на СДСМ, вечерва на лидерот и новиот мандатар, му даде „зелено“ светло до Собранието да ги предложи следните министри:
Радмила Шекеринска – одбрана
Оливер Спасовски – внатрешни работи
Никола Димитров – надворешни работи
Драган Тевдовски – финансии
Рената Десковска – образование
Горан Сугаревски – транспорт и врски
Љупчо Николовски – земјоделство
Мила Царовска – труд и социјална политика
Дамјан Манчевски – информатичко општество и администрација
Роберт Алаѓозовски – култура
Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања
Едмонд Адеми – без ресор
Роберт Поповски – без ресор
Зорица Апостоловска – без ресор
Зоран Шапуриќ – без ресор
Самка Ибраимовски – без ресор
Аднан Ќахил – без ресор
Заев додаде дека во најбрз можен рок до Собранието ќе го прати составот на идната Влада, а до СЈО ќе прати писмо за проверка дали некој од кандидатите се под истрага. Кога ОЈО ќе стане вистинска институција, ќе се консултираат и со нив, додаде Заев.