736
Специјалната обвинителка Катица Јанева му реплицираше на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија и го демантираше неговиот заклучок дека Зоран Заев го нема на преслушаните снимки.
-Во тие 12% кои ги преслушавме, реков дека Зоран Заев не е преслушан за некои тендери и слично, не значи тоа дека не се слуша во некој дел, во тие 12% има повеќе луѓе. Што се однесува до моите почитувани колешки, мислам дека веќе многу пати кажав, моето образложение го дадов пред Советот на јавни обвинители. Во моментов немам потреба од повеќе обвинители, туку барам мандатот да ми се продолжи, рече Јанева.
Таа рече и дека во моментов се вршат анализи на снимките за тоа кој прислушувал и дека тоа прашање е приоритет.