Заев го честита роденденот на ЕУ и посака вратите да се отворат и за Македонија

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на одбележувањето на 60 годишниот јубилеј од потпишувањето на Римскиот договор, со којшто се поставени основите на Европската Унија, во свое име и во име на СДСМ, денеска упати честитка до амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар и до делегацијата на Европската Комисија.

-Во оваа прилика ја нагласувам цврстата определеност на СДСМ, како политичка партија, но и како субјект којшто очекувам дека ќе ја предводи новата реформска Влада во Македонија, за европска перспектива на Република Македонија во духот на европските вредности. Одлучни сме да воспоставиме независни државни институции, владеење на правото и правната држава, економски развој и социјална кохезија во земјата, преку развој на концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби, како и интеграција, наместо политиките на изолација што изминатиов период ја загрозија европската иднина на Македонија“, се вели во честитката од Заев.

Тој истакна дека очекува отворање на вратите на Европа за граѓаните на Република Македонија низ заедничка соработка со ЕУ, базирана на принципиелна и демократска основа, преку реформските процеси.

Поврзани новости