Лидерот на опозицијата денеска им се обрати на граѓаните во пресрет на изборите во недела и им порача дека тоа се историски избори на кои граѓаните бираат меѓу животот и режимот.
-Изборот се врши преку тајно гласање. Повторувам – тајно гласање.
Изборниот глас на граѓаните е таен, тоа е уставно гарантирано право.
Никој не знае за кого ќе гласате. Нема камери позади параванот. Тоа е факт.
Таму сте сами, вие и вашата одговорност и совест. Ако сте корисник на социјална помош и ако гласате за промени, доаѓа подобар живот за сите вас. Ќе си ја задржите социјалната помош и таа ќе расте. Ако сте пензионер и ако гласате за промени, вашата пензија ќе расте редовно, онака како што ќе растат платите на сите други граѓани. Ако сте земјоделец и ако гласате за промени, вашите субвенции ќе растат и ќе стигаат навремено на ваша сметка. Ако сте вработен во администрација и ако гласате за промени, ќе останете на вашето рабитно место и никој нема да ви врши партиски притисок како сега, порача Заев.
Тој порача и дека нема никаква федерализација, туку дека тоа е лага на Груевски. Наместо федерализација, Заев рече дека ќе има конфискација на криминално стакнатите имот и пари и ќе има враќање на парите кај граѓаните.