За да ги спроведеме големите одлуки што ни претстoјат, го јакнеме парламентарното мнозинство го нови партиципиенти, рече премиерот Зоран Заев на денешната парламентарна седница на која прелдожи промени во неколку министерски ресори.
-Добар период по формирањето на владата поминавме во консолидација на политичкиот амбиент. Во следниот период ни претстојат сериозни реформски активности. Создаваме услови за јакнење на парлмантарното мнозинство за да ги спроведеме претојните одлуки кои, кои ќе ја одредат иднината на државата – посочи Заев.
Тој истакна дека ги разбира критиките од оние што, според него, имале превисоки очекувања дека веднаш по падот на режимот државата ќе функционира идеално, меѓутоа изрази задоволство од сработеното, особено имајќи во предвид дека државата на наследиле во хаос.
-Една година по формирањето на владата ја оставаме политичката криза зад нас и го отворивме рефорсмиот процес. Бевме изолирана джрава каде граѓаните живееа во страв, а денес зборуваме за повисоки плати, пријателство со сососедите, слобода – истакна премиерот.
Според него, одлуката Рената Десковска да биде министерка за правда, Арбер Адеми за образование, Асаф Адеми за култура и Бардуљ Даути за странски инвестиции се правилни, бидејќи, нагласи тој, нивните биографии уверуваат дека се соодветни личности за овие позиции.