Затуроска до Заев: Требаше денеска вие и Шекеринска да бидете предложени за промена, потфрливте

by fokus

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска по говорот на премиерот Зоран Заев го праша дали верувал во она што го кажал, бидејќи како што рече, подоцна самиот си се демантирал.

-Ова што денеска го кажавте беше само еден сегмент од она што го кажавте вчера. Рековте развојот го потпирате на петте столбови. Кажувате дека еден од столбовите се реформи, но не знаеме за кои реформи зборувате. Требаше денеска вие и министерката за одбрана да бидете предложени за промена, вие најавивте реформи, а највеќе потфрливте. Ниедна реорма не исполнивте. Вие требаше од морални причини да си дадете оставка. Реформа не е да се тргува со националните интереси на Макеоднија. Наместо судски реформи, нарачувате пресуди, рече Затуроска.

Премиерот Заев и одговори дека верува во тоа што го кажал и сакал да каже уште повеќе, но се воздржувал бидејќи сакал соработки.

Сериозно време е пред Македонија, внимавам на тоа што го зборувам. Драго ми е што првите чекори заедно ги направивме, тоа е сериозна гаранција за имплементација. Се надевам ќе продолжиме така, одговори Заев

 

Поврзани новости