Заев: Ги отвораме вратите кон ЕУ и НАТО

by Fokus

Владата на Република Македонија ги темели своите активности на принципот на градење едно општество за сите. Низ ова, определбата за итни реформски приоритети и унапредувањето на добрососедската соработка, ги отвораме вратите кон ЕУ и НАТО, истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба во Сараево со претседавачот на Претседателството на БИХ, Драган Човиќ.

– Денеска Република Македонија и БиХ испратија сериозна порака дека двете земји се сериозно посветени да ја развиваат регионалната соработка, која што беше посочена на Самитот за Западен Балкан во Трст, како клучна во евроинтеграциите, и очекувам дека тоа ќе продолжи и во иднина меѓу другите држави од регионот – рече Заев.

Поврзани новости