Заев ги образложи уставните амандмани: Доколку Грција не го ратификува Договорот овие измени нема да важат

by fokus

Мојата заложба беше и останува подадена рака во име на просперитетот на сите граѓани и на нашата земја, мојата заложба беше и останува политичките решенија за нашата иднина да ги прифаќаме како добри или лоши, рече премиерот, Зоран Заев, на денешната дебата во Собранието за утврдување на нацрт амандманите.

Тој побара конструктивна расправа во Собранието и парламентот да се претвори, како што рече, во арена за натпревар на идеи.

-Не треба да се занемари плуралистичката природа на нашето собрание. Тоа треба да бидат забрзувач, а не кочница за нашите стратешки основи. Нема ништо спорно во иницијативата на Владата, предложените амандма се во согласност со определбите на Македонија. Идентитетот на македонскиот народ е заштитен. Нема да има промени во идентитетот. Се внесува обврска за негова заштита. Останува грижата за сите македонци што живеат надвор од државата – рече Заев.

Процесот на уставни измени, додаде тој, треба да заврши со одлука за измена на Уставот со двотретинско мнозинство гласови.

-Во одлуката ќе пишува дека овие амандмани се составен дел на Уставот и влегува во сила со денот на влегување во сила на конечната спогодба. Тоа значи дека измените ќе важат откако Грција ќе ги спро своите обврски, да ја ратификува конечната спогодба и протоколот за нашето членство во НАТО, ова е дополнителна заштита за нас. Доколку Грција не ги исполни своите обврски нема да важат овие измени.Останувам на мојот збор дека и отворена понуда за инклузивност во наредните фази. Убеден сум вие пратеници, како народни избраници ќе го спроведете успешно процесот следејќи го интересот на граѓаните. Оваа и идната година се клучни за историјата на нашата држава. Решивме спор кој беше политичка и економска штета од 1991 година до сега – рече Заев.

Поврзани новости