Заев: Мицкоски зборувал насекаде дека ќе го помогне овој процес

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, во реплика кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ги повика на конструктивност во Собранието затоа што, како што рече, од изгласувањето на уставните измени ќе зависи интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

Како што рече тој, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, ветил дека ќе го помогне овој процес.

-Референдумот е успешен одлуката не е донесена. Може ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде утре на власт, што после тоа? Нема друго, туку ќе се донесе истиот договор. Да не ја кочиме Македонија. Мицкоски, вашиот претседател, зборувал насекаде ќе го помогне овој процес, ако не друго затоа што е за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. Разбирам дека сме различни, апелирам за конструктивност. Нека се виновни Заев и Димитров кои го потпишаа договорот, но дајте да и овозможиме на државата членство во ЕУ и НАТО – рече Заев.

Поврзани новости