Заев: Филипче најверојатно прв ќе се вакцинира против Ковид-19 од функционерите

by fokus 15:02
15:02

Премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека од функционерите најверојатно прв ќе се вакцинира министерот за здравство Венко Филипче. Заев истакна дека треба да се почитува редот, односно дека тој не сака да застане пред оние на кои најмногу им е потребна вакцината против Ковид-19.

-Први секако ќе треба да се вакцинираат нашите херои лекарите, медицинските сестри, здравствените работници, потоа хронично болните. Во редот кај лекарите најверојатно ќе треба да се вакцинира и министерот Венко Филипче, па тој би бил првиот од функционерите. Кога ќе бидат спазени сите редови, не сакам да бидам пред сите оние кои треба да бидат први, тогаш ќе се вакцинирам и јас, а сигурно ќе се вакцинира и моето семејство, истакна премиерот Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости