Заев: ФФМ да го почитува Преспанскиот договор

by fokus

Премиерот Зоран Заев порача дека Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени името според Преспанскиот договор, бидејќи, како што рече, во јануари примила средства од Агенцијата за млади и спорт.

-Очекувањата се да постапат согласно Уставот и законите зашто Преспанскиот договор е ратификуван и тој е закон. Да, во фудбаласката репрезентација на Северна Македонија играат Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци,… Треба да го следиме Преспанскиот договор зашто тоа е наша обврска, а Грците си имаат нивни обврски кои ги исполнуваат – изјави Заев на Телма.

Тој појаснува дека сите невладини институции, приватни или правно-приватни субјекти во кои спаѓаат и приватни фирми и граѓански здруженија, ако примаат пари од Буџетот за нивни меѓународни активности, треба да го почитуваат Преспанскиот договор.

-Очекувам федерациите дури и кои не примаат пари или други здруженија, да го следат уставното име на државата. Не дека не е горчина и кај мене. Тоа е завршена работа и тоа е нешто што ни обезбедува иднина. И треба да тераме во тој правец. Не ни требаат нови непријателства – рече Заев на Телма.

 

Поврзани новости