Заев: Емил Стојменов ќе го испушти летот и ќе патува со автомобил, само да не ја пропушти средбата со премиерот

by Фокус

Во последниот сет разговори што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев може да се слушнат телефонски разговори меѓу шефот на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протоѓер и сопствениците на Сител телевизија и Канал 5, Горан Иванов и Емил Стојменов. Исто така, можат да се слушнат и нарачки од власта на уредниците на овие две приватни телевизии.

Во еден од разговорите се слуша како Емил Стојменов е спремен да го откаже летот и со автомобил да замине за Белград, само да не ја пропушти можноста да се сретне со премиерот Груевски.

– Премиерот ми рече да ја презакажам средбата од три саат во четири – му вели секретарката на Груевски, за подоцна да му се јави и да му каже дека состанокот е ппрезакажан за во пет саат.

 

Поврзани новости