Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак. Главна тема на состанокот била Актуелната политичка ситуација во земјава и текот на реализацијата на преземените обврски за регуларни избори на Македонија.
-Очекувам секој да биде на ниво на сериозноста, на 31 август да се одржи лидерската средба на којашто ќе утврдиме дека во декември ќе се одржат следните предвремени парламентарни избори во Македонија, рекол претседателот Заев.
Претседателот Заев соопшти дека СДСМ е категорично определена граѓаните на следните избори слободно да изберат на кого ќе ја дадат одговорноста да ја води државата и оцени дека според расположението на терен и анкетите тоа ќе бидат Социјалдемократскиот сојуз и опозицијата.