СДСМ: Постојат докази дека Трајановски е одговорен за поплавите

by fokus

СДСМ денеска уште еднаш побара оставка од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски поради последиците кои ги оставија поплавите.

-Постојат непобитни докази дека командантот на Градскиот штаб за заштита и спасување КоцеТрајановски е одговорен, и тоа не само политички. Жртвите од 6 август се директна последица на непревземање мерки за заштита пред поплавите и недостаток на инвестициии во инфраструктура, целосно погрешното дејствување за време на поплавата и тоталната неспособност за справување со последиците по поплавата, изјави Дамјан Манчевски, координатор на Советничката група на СДСМ.

Тој рече дека Трајановски знаел дека постои План за заштита и спасување уште од 2010 година во кој Скопје е означено како „простор со висок степен на загрозеност од елементарни непогоди, особено одпоплави“, но не преземал ништо.

-Коце Трајановски знаел за опасноста од невреме. За тоа информиралеметео-порталите уште во еден часот попладне. Наместо за тоа да ги предупреди граѓаните и да го вклучи алармот во градот, тој отворал турнир во мал фудбал. Коце Трајановски знаел дека има човечки жртви, дека има излевање на акумулација и огромна надојдувачка вода и дека е потребна брза евакуација на населението и затворање на обиколницата. Но, не направи ништо од ова. Напротив, со своите погрешни команди дополнително го зголеми ризикот за граѓаните, рече Манчевски.

Поврзани новости