Премиерот Зоран Заев на вечерашниот митинг во Прилеп порача дека нивниот кандидат Стево Пендаровски нема да прима наредби од никого, ниту од премиерот.
-Пендаровски нема да му должи ни на Заев, ни на никој. Доста беше претседател кој прима наредби. Јас сум премиер, ама претседателот е прв и ќе си го слушаме. Кога ќе треба и ќе не мава. Конечно, ќе имаме претседател со кој ќе можам да работам. Гледавте дека немам предрасуди, одевме кај Иванов, можевме заедно да бидеме во историските мигови. Еден ден ни водичка не ни даде, па по две минути си отидвме. Ние не сме Северномакедонци, ние сме Македонци. Во личната карта во ОН стои Македонци кои зборуваат македонски јазик, без никаква фус нота. Имаме земја признаена од сите и никој повеќе нема да не оспорува. Конечно е признаен етничкиот Македонец со македонски јазик, за тоа се бореа нашите предци, рече Заев.