413
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, предмалку пред Собранието изјави дека опозицијата се враќа во Парламентот за да учествува во спроведувањето на договорот од Пржино, односно во изборот на специјален јавен обвинител, новата преодна Влада, измените на изборното законодавство…
-Доколку не биде спроведен овој договор до крај и во целост тој ќе биде невалиден. Доколку не се избере специјален јавен обвинител, кому треба да му ги предадеме материјалите од прислушуваните телефонски разговори, сепак тие ќе бидат споделени со јавноста, рече Заев.
Тој најави дека опозицијата нема да учествува на уште едни криминални избори.