358
-Им ветивме на граѓаните дека целата вистина ќе ја споделиме, така што во многу брз временски период и доказите за Смилковското Езеро ќе бидат споделени со јавноста, рече Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Лидерот на опозицијата објасни дека е свесен дека целата македонската јавност ги чека токму снимките за Смилковско Езеро, па затоа тие се трудат да бидат внимателни со објавувањето на овие докази кои ги поседуваат.
-Зошто? Заради тоа што е чувствителна состојбата во Република Македонија после настаните во Куманово, заврши претседателот на СДСМ, Зоран Заев.