Ахмети: Недостакот на евроатланска перспектива ја продлабочува политичката криза

by Фокус
Секоја криза се раѓа нови можности и ако не недостасува посветеноста на Брисел и Вашингтон, тогаш од оваа криза ќе излеземе уште посилни и со многу јасна евроатланска насока, рекол лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со европратеникот Алојзо Петерле, кој воедно е претседател на заедничката парламентарна комисија на Европскиот Парламент и македонското собрание.

„Недостатокот на јасната евроатлантска перспектива како последица на нерешените прашања со соседите резултира со продлабочување на политичката криза и несигурност и недоверба меѓу двете најголеми етнички заедници во земјата“, рекол Ахмети, соопштија од ДУИ.

Поврзани новости