Заев: Договорот е постигнат за граѓаните и за излез од политичката криза

by Fokus

Овој договор што се постигна е пред се и над се поголем договор за граѓаните на Република Македонија и е излез од политичката криза. За СДСМ е поволен Договорот којшто го постигнавме заради тоа што ги обезбедува чекорите за исполнување на минимум двата услова, а тоа е минимум регулација на медиумите преку формирањето на ад-хок телото, но секако и допрочистување на Избирачкиот список онолку колку што е можно, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Со овие две фази очекуваме избалансирано известување на медиумите, очекуваме почитување на професионалните стандарди, етичките кодекси, не ширење омраза од страна на медиумите во Република Македонија се со конечна цел да дадат подобро изразување на слободна волја на граѓаните. Истовремено процесот ДИК што треба да го заврши во наредните 30 дена, а на крајот ќе го констатираме ние лидерите на четирите партии, треба да го предочи конечниот Избирачки список за наредните парламентарни избори којшто конечно нема да биде 1.813.000 или 1.804.000, туку ќе биде помеѓу 1.550.000 и 1.580.000 – истакна Заев.

Тој тврди дека СДСМ, целиот овој период се обидува да стави крај на историската голгота и застрашувачката деструкција на виталните државни и национални интереси на современата држава Република Македонија од страна на Никола Груевски и неколкумина околу него.

 

Поврзани новости