794
Премиерот Зоран Заев, вечерва, веднаш по изборот на новата влада, се обрати пред јавноста.
-Прв приоритет ќе биде продолжување на антикризните мерки, за справување со последиците од Ковид-19, најави премиерот Заев.
Тој повторно ги спомна реформите во правосудството и вети правда.
-Ќе следуваат структурни реформи во јавната администрација, но и во правосудството. Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон, рече Заев.
Изјава на Зоран Заев по изборот на нова влада
Publiée par MИА.mk sur Dimanche 30 août 2020