Заев до учениците и наставниците: Доаѓа време на креативност и слобода на изразување

by fokus

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, денеска на еден ден пред започнувањето на школската година, преку видео им се обрати на учениците и на наставниците и им порача дека промените ќе дојдат уште оваа школска година.

-Утре почнува новата учебна година. Бидете посветени, истражувајте, учете, другарувајте. И требате на Македонија. Вие сте сегашност и иднина на нашата земја.  Ве уверувам доаѓа време без стравови од контроли од лошо екстерно тестирање. Доаѓа време на креативност и слобода на изразување. Промените заедно ќе ги дочекаме уште оваа учебна година! Со успех!, рече Заев.

Тој им вети на наставниците дека ќе добијат достинствена плата и пристојни услови за работа.

 

Поврзани новости