1K
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашната дебата со Христијан Мицкоски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања ја финансира нелегално.
-Не може Мицкоски да држи предавања за правото, кога се што правел со судии под нивна контрола било заради нивен личен интерес и пари. Каква правда и правна држава. Судството е уште истото. Вие го познавате Орце Камчев? Маиците и рекламниот материјал и сега ви се од него? Финансиери се само вашата сопруга, вие и татко ви. А, цела Македонија е преплавена со билборди од 250.000 евра. Парите пак се од Орце Камчев и Никола Груевски. Сите тие пари кои ги земате кои се криминално стекнати, се што работите, се заради парите. Го кршите законот, имате нелегално финансирање на партијата, рече Заев.