Мицкоски: Од “бомбите” треба да стравува тој што земал пари!

by fokus

Зачестеното објавување на “бомби” го наговести текот на изборната кампања, односно дека нелегалните снимки ќе бидат редовна алатка која партиите ќе ја користат за да го оцрнат противникот.

“Фокус” го праша парискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дали очекува до денот на изборите да продолжи објавувањето на нелегални снимени разговори и дали стравува од овие т.н. бомби?

-Ако некој треба да стравува, е тој што земал пари, правел криминал и чии што соработници ги гледаме на видео снимки со снопче пари. Гласот за Заев е глас за криминалот, изјави Мицковски  за “Фокус”. 

Изминатите денови беа објавени неколку нелегално снимени материјали, во кои едни од соговорниците се Мицкоски и Зоран Милевски Кичеец. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откри дека бил кај бизнисменот Орце Камчев кога бил под ПИМ мерки за случајот “Империја”, а посочи и дека бизнисменот и помогнал на партијата кога им било најтешко и биле во долгови.

В.В.

Поврзани новости