Опозицискиот лидер Зоран Заев на денешната средба со германскиот специјален пратеник Хојанес Хајндл, порача дека нема време за чекање и оти мора да се дејствува брзо за исполнување на условите за фер и демократски избори.
Заев рече дека на преговарачката маса поставени се конкретни чекори за исполнување на условите и дека е можно решение наскоро, доколку за тоа има политичка волја.
-И за избирачкиот список и за медиумите можен е договор во следните денови, ако за тоа постои политичка волја, бидејќи на маса се конкретни технички чекори што треба да се направат, а кои може да не зависат од политичките партии – рече Заев.
На средбата било констатитирано и дека Македонија почна да ги чувствува првите консеквенци од пролонгирањето на политичката криза и дека сите страни мора да покажат волја за регуларни предвремени парламентарни избори.