Есмеров експресно симнат од директорската функција во УЈП

by fokus 13:37
13:37

Петар Есмеров кој пред една недела застана на чело на Управата за јавни приходи е сменет од директорската позиција. На негово место доаѓа Aнастасија Илиеска која досега ја вршеше функцијата државен секретар во Министерството за внатрешни работи.

Ескпресно сменетиот Есмеров пак, ќе остане директор во подрачната единица на УЈП во Скопје.

– По изборот на Кирил Миноски за министер за финансии, заради тековно извршување на функциите на институцијата, Владата одлучи директорот на подрачната единица на УЈП во Скопје Петар Есмеров, привремено да биде назначен за в.д директор на УЈП. На минатата седница, Владата ја именуваше Анастасија Илиеска за директор на УЈП, а Петар Есмеров ќе продолжи да ја извршува позицијата, директор на подрачната единица на УЈП-Скопје – изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.

Инаку, новата директорка на УЈП, Илиеска од 2001 до 2014 работела како самостоен даночен советник во УЈП, а во периодот од 2009 до 2014 била член на советот на Општина Прилеп.

Поврзани новости