Заев: Децата ќе бидат горди на храбрите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се ставија над партискиот интерес

by fokus

Премиерот Зоран Заев вечерва на прес конференција по изгласувањето на потребата за уставни измени им се заблагодари на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа за.

-Сакаме најискрено директно да му се заблагoдaрам на секој пратеник, и на оние храбри пратеници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата кои се ставија над интересот на партијата, и покрај непотребниот притисок. Децата ќе бидат горди на нив, сите ќе бидеме горди на нашите пратеници за нивната храброст и гордост. Со вакви одлуки луѓето стануваат хеори. Ја минавме најголемата пречка, и нашето патување кон поубава иднина штотуку започна. Имам порака и за оние кои одлучија да го отфрлат гласот. Јас сум сигурен дека и тие наскоро ќе се приклучат, затоа што голем дел од нив се за членство на ЕУ и НАТО, рече Заев.

 

Поврзани новости