Заев: Денешната статистика за ковид загрижува, тие бројки се личности

by Фокус
Денешната статистика за КОВИД-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите, тие бројки се личности, наши сограѓани, пријатели и роднини, порача премиерот Зоран Заев.

„Неминовна е потребата од поголема заштита од коронавирусот и спречување на негово ширење. Затоа ми е драго што вечерва Собранието ги изгласа новите мерки предложени од Владата, со кои маската на отворено станува задолжителна! Иако пратениците од опозицијата го кочеа носењето на овој значаен закон и гласаа воздржано, со мнозинство гласови и одговорноста на пратениците од мнозинството вечерва Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Сите имаме удел во оваа заедничка борба. Да се бориме и да се заштитиме себеси и нашите најмили со тоа што ќе ги почитуваме мерките“, напиша Заев на фејсбук.

Поврзани новости