Забрчанец позитивен на ковид, има лесни симптоми на настинка

by Фокус 23:12
23:12

Советникот на премиерот Зоран Заев, Марјан Забрчанец, на својот Фејсбук профил посочува дека денеска се тестирал и испаднал позитивен на коронавирус.

„Денес добив лесни симптоми на настинка, се тестирав и вечерва добив позитивен КОВИД-19 резултат. Добро се чувствувам, ги следам целосно советите на лекарите и од овој момент одам во домашна изолација. Водете максимална грижа, вирусот наоѓа најразлични начини да продре до човечкиот организам“, пишува Забрчанец.

Поврзани новости