830
Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ја посетат Општа болница во Струмица, каде ќе имаат средба со директорот на болницата Наќе Гогов.
Во рамки на средбата, премиерот Заев ќе реализира и лична донација – амбулантно возило за потребите на болницата, соопштија од владината прес-служба.
По средбата, пред зградата на болницата изјави ќе дадат Заев, Филипче и директорот Гогов, кој неодамна на преку фејсбук побара донација за купување на амбулантно возило.