Заев демантира дека има бизниси во Дубаи и Индокина: Ќе го тужам Богојески ако не се извини

by fokus

Поранешниот премиер, Зоран Заев во изјава за „Фокус“ демантираше дека тој и неговото семејство ги прошириле своите бизниси во Дубаи и Индокина.

Побара извинување од Петар Богојески и најави тужба за нарушување на честа и угледот, доколку тоа не го стори.

Не сакам да навлегувам во интервјуа и коментари, но изричито демантирам, нема никаква вистина во тоа дека Заев влегол во бизниси во Индокина и Дубаи и се што зборува. Тоа не е точно и целосно дематтирам. И го повикувам Богојески да се извини, зашто ако не се извини ќе покренам тужба за нарушување на чест и углед на мене и моето семејство, вели Заев.

Богојески претходно во интервју за „Фокус“ на прашањето дали има информации за ширење на бизнисите на Заеви во странство, рече дека слушнал за инвестициски бум во Дубаи и Индокина.

Често слушам за инвестициски бум во Дубаи. Ама не од Дубаи во Македонија, туку македонски пари во Дубаи. Во сооднос со еден екс балкански премиер на една соседна балканска земја. Слушам за сопственост на рудници и компании, како авионски компании во Индокина. Во јужни азиски држави. Сето тоа треба да биде проверено од македонските служби и од новинарите. Меѓутоа, не е само таму. Слушам и за обновување на оф-шор сметки. Сето она што го слушавме за груевизмот, денес е апсолутно поведение на зајковизмот, рече Богојески.

Катерина Смилева Божиновска

 

 

 

 

Поврзани новости