Богојески за бизнисите на Заеви: Слушам за инвестициски бум во Дубаи и Индокина

by fokus

Во интервјуто за неделникот „Фокус“, лидерот на новата политичка партија Македонски концпет, Петар Богојески зборува и за можното ширење на бизнисите на фамилијата Заеви, откако Зоран Заев се повлече од политиката.

Споменува инвестициски бум од Македонија во Дубаи, како и рудници и авиокомпании во Индокина.

Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА

ФОКУС: Споменавте дека шеф на СДСМ е Заев. Се уште има влијание во СДСМ?

БОГОЈЕСКИ: Политичките елити кај нас се покажаа како фамилијарни елити. Имавме 11-годишно владеење на семејството на Груевски, после тоа го заменивме со семејството Заеви. Сега читаме за скандали по албански медиуми, српски медиуми… се некој кој се презива Заев.

СДСМ е веќе приватизирана партија во сопственост на Заев и сите чесни членови на СДСМ е најдобро да се префрлат во Македонски концепт. Заев веќе ја приватизираше и ЛДП, во тек е да приватизира голем дел од коалицијата. Неспорно е дека Зоран Заев е апсолутен господар на власта во земјава.

Дали ќе биде новиот претседател на Македонија, не зависи само од него. Зависи дали ќе го уништиме неговото предавничко „Едно општество за сите арамии“ и преку граѓански Устав ќе направиме една држава за еднакви можности. Или ќе немаме држава. Ако сакаме да немаме држава, тогаш Заев ќе биде претседател. А, ако со граѓански Устав наметнеме држава, тогаш Заев ќе биде во затвор.

ФОКУС: Велите Заеви ги извезуваат своите производи во Русија. Имате информации дека ги прошириле своите бизниси во странство?

БОГОЈЕСКИ: Често слушам за инвестициски бум во Дубаи. Ама не од Дубаи во Македонија, туку македонски пари во Дубаи. Во сооднос со еден екс балкански премиер на една соседна балканска земја.

Слушам за сопственост на рудници и компании, како авионски компании во Индокина. Во јужни азиски држави. Сето тоа треба да биде проверено од македонските служби и од новинарите.

Меѓутоа, не е само таму. Слушам и за обновување на оф-шор сметки. Сето она што го слушавме за груевизмот, денес е апсолутно поведение на зајковизмот.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости