Заев: Дали Груевски и Мијалков ги држат во рака Ставрески и Јанкулоска?

by Фокус

Ако министрите Ставрески и Јанкулоска зборувале за незаконие и криминал во власта, зошто тогаш не си поднеле оставки, праша Заев, откако ги објави прислушуваните разговори од шестата „бомба“.

– Дали зашто Груевски и Мијалков ги прислушувале и им ги дознале тајните за да ги уценуваат – реторички праша Заев, изразувајќи надеж дека вистината до крај ќе излезе на виделина.

Тој додава дека доаѓа крајот на овој, како што рече, режим и диктатура преку политичка разрешница на целиот случај, бидејќи правна е невозможна при, според него, покопепено судство од извршната власт.

– Нема да му дозволиме на Груевски да прави немири, зашто гледам дека повикува на борба, иако подоцна се поправи дека мислел на политичка – нагласи сдсмовскиот лидер.

Поврзани новости