Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати честитка до граѓаните на Македонија по повод денешниот празник.
-Обединети и со надеж дека повторно ќе успееме, да се насочиме кон надминување на предизвиците пред коишто е исправена современа Македонија, враќање на основните демократски придобивки и праведно општество на слободни, економски стабилни и среќни граѓани, кои можат и знаат да споделуваат заеднички вредности за подобра и просперитетна иднина, вели Заев во честитката од негово и од име на СДСМ.
Тој порача дека овој светол датум од историјата, 2 август, кога ги чествуваме Крушевската Република од 1903 и Заседанието на АСНОМ од 1944 година искажувајки им почит на хероите кои ги положија своите животи за Македонија, е вечен потсетник на заветот за слобода, оставен на поколенијата, сегашните и идните генерации.