Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по денешната средба со коалиционите партнери соопшти дека коалицијата е за тоа изборите да се одржат на средината на јуни, за да се искористи олабавувањето на корона вирусот.
-Разговаравме за мерките кои се преземаат за заштита на граѓаните, како и економските мерки и повеќе актуелни политички прашања. Заедничка оценка е дека државата навреме презеде мерки и добро се справува со корона вирусот. Заедно заклучивме дека на државата и се потребни избори, веднаш штом се создадат услови. Кога пикот е поминат и интензитетот се намалку треба да се одржат изборите, тогаш нема никаков ризик по здравјето на граѓаните. Особено имајќи предвид дека се очекува нов пик наесен. Дај Боже да не се повтори, но ако се повтори тогаш ќе останеме надвор од било какви уставни можности. Да се искористи моментот на олабавување на корона вирусот и да се оди на гласање на средината на месец јуни. Ова ќе го предложам на лидерската средба кај претседателот Пендаровски.