Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и до сите го слават овој празник.
-Овој празник на духовното раѓање нека не поттикне и охрабри сите да одговориме несебично на нашите свети обврски за заштита на вистината и правдата. Пред нас секогаш ѕвезда водилка на патот нека бидат вистината и правдата, бидејќи тоа е нашиот исконски повик и порив како луѓе. Да бидеме чесни, солидарни, толерантени, да сакаме и почитуваме, да се разбираме и поддржуваме независно од различностите по која било основа, се вели во честитката на Заев.
Во честитката тој додава дека само посветени на овие темелни вредности на човековата личност, можеме да обезбедиме спокоен и достоинствен живот за сите, индивидуален и колективен мир.