Честитка од претседателот Иванов за Водици

by Фокус 12:50
12:50

Претседателот Ѓорге Иванов по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

-Одбележувајќи го денот, на кој според преданијата Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, го славиме крштевањето како една од светите тајни на христијанството.
Чествувајќи го празникот на осветувањето на македонските води ја славиме традицијата на нашите предци која во себе ја содржи тајната која ни упатува дека преку покајание, љубов и добрина ја зацврстуваме верата. Симболиката на чистината на водата и повторното духовно раѓање претставува повторно живеење во верата, се вели во честитката на Иванов.

- Advertisements -

Тој посака добро здравје и духовен мир, а на сите македонски граѓани кои го прославуваат празникот им порача дека верата се потврдува со дела и преку љубов кон сите луѓе.

Поврзани новости