631
Чесен премиер, без тегови на душата излегува и вели: Ајде Заев, кажувај кои се доказите. Вади ги на маса. Го нема? Го нема! Го нема заради тоа што знае колку му е валкано владеењето. Ова вчера го извјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на трибината во Крива Паланка за таканаречената „бомба“ која опозицијата ја најавува веќе цел месец.
– Во која земја го има тоа, претседателот на опозицијата толку силно да ја фрли ракавицата, а го нема премиерот никаде?! – прашува Заев.