ЛГБТИ активистите попладнево по втор пат протестираа пред Јавното обвинителство од кое бараат да ги пронајде хулиганите кои го демолираа кафулето „Дамар“ во Старата скопска чаршија.
Неколкумина од активистите легнаа во црни вреќи, како безживотни трупови пред новата зграда на Обвинителството со цел да предупредат што може да се случи доколку властите и понатаму ги игнорираат нападите врз ЛГБТ-заедницата во Македонија.