Заев: Борбата против корупцијата ги опфаќа и крупните и ситните риби

by fokus

Борбата со корупцијата продолжува, никој нема да биде поштеден. Системот се справува и со крупните и со ситните риби, секој ден се испраќа пораката дека законот важи еднакво за сите, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Откако нагласи дека е јасна паралелата на владеење меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев уште еднаш ја повика опозицијата да се вклучи во борбата против корупцијата и криминалот.

Страшно беше, рече Заев, во времето на Груевски да се спомне име на функционер, а камоли да му се суди.

– Денес не е така, напротив. Пред лицето на правдата не се само граѓани, туку и луѓе блиски до власта или до опозицицијата. Никогаш вака отворено во државата не се зборувало на секое ниво и со преземање одговорност од премиерот, како и од останатите владини ешалони, истакна Заев.

Матрицата на ВМРО е кочница на државата, оцени Заев и додаде дека да не беше нивниот квазипатриотизам сто пати побрзо ќе се движевме кон евроинтергациите и подобрувањерто на животот на граѓаните.

Премиерот повтори дека антикорупциската стратегија е за сите ешалони. Владата ги има предвид и постапува по сите меѓународни извештаи. Денес се е транспарентно, граѓаните пријавуваат не само корупција, туку и индиција за корупција или криминал.

– Не постои власт во која народот верува дека нејзиниот прв, втор ешалон нема корупција. И пред некој ден, немав намера да го убедувам народот во тоа. Напротив, најважно е што ќе направи секој од нас за да бидеме поблиску до целта, а целта е да нема корупција во ниту еден од ешалоните на власта и во ниту еден сегмент од општеството. Треба да бидеме сите непријатели и противници на корупцијата и ве уверувам дека сме велезени во сериозна борба со овие општествени болести. Денес во земјата е се транспаренто, се знае се, затоа треба да биде и сериозна пораката тоа што се случува до секој политичар – дека борбата против криминалот и корупцијата проодлжува и никој нема да биде поштеден. Тоа важи за тие од првиот, вториот и кој било друг ешалон, важи еднакво за сите граѓани, за сите носители на фунцикиите. Внимавајте, сега се е јавно. Поради транспарентноста, граѓаните укажуваат на корупција и инидици на корупција. како пфретседател на Владата, покрај институциите, ја повкикувам и опозицијата да биде гласна, да укажува институциите да постапуваат, да прават истраги со крајна цел, отстранување на корупцијата за да бидеме рамноправни со развиените земји, подвлече Заев.

Поврзани новости