Заев: „Бомбите“ што ги објавивме не ги нарушиле односите до Израел

by Фокус 14:46
14:46

Средбата со израелскиот претседател, но и оние утре, со заменик премиерот и со министерот за економија се најдобар демант на тврдењата на власта дека односите со Израел се загрозени од дел од политичките „бомби“ што ги објави СДСМ, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со израелскиот претседател Реувен Ривлин, пренесе ТВ Телма.

Ова е прв пат шефот на државата Израел да се среќава со опозициски лидер.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Според Заев, Ривлин истакнал дека обврска на македонските политичари е да се грижат за безбедноста на граѓаните. На средбата со Ривлин се зборувало за актуелната политичка состојба во Македонија, а израелскиот претседател му изразил голема поддршка на Заев во справувањето со кризата.

Заев утре ќе се сретне со вицепремиерот Силван Шалом и со министерот за инфраструктура, енергетика и води, Јувал Стеинц.

Поврзани новости