Дали денеска ќе се договори Изборниот законик?

by Фокус 11:23
11:23

Во текот на денот во Клубот на пратеници ќе се одржи состанок на партиските работни групи во врска со Изборниот законик. Странските посредници три дена имаа одделни средби со партиите и денеска се очекува конечно да се зборува за финален текст на законот.

Од она што до сега беше соопштено ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се бираат најмалку тројца пратеници од дијаспората, СДСМ бара цензус и изедначување на вредноста на гласот, ДУИ и ДПА се согласуваат на предвремените избори да не се организира гласање во странство.

- Advertisements -

Според најавите  избирачкиот список ќе се пречистува со теренска проверка и вкрстена споредба на базите на податоци. ДИК да добие широки овластувања. Управниот суд да одлучува по жалби со засилен мониторинг. Но сето ова како ќе биде дефинирано ќе се знае доцна вечер или рано изутрина.

По Изборниот законик ќе следува расправа за медиумите и судството, како и за законите за „бомбите“ и за „свиркачите“. А за неколку дена ќе мора да се изберат министри за внатрешни работи и труд и социјала од редовите на опозицијата.

 

Поврзани новости