533
На преговорите кои се уште се во тек, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, барал повлекување на премиерот Груевски од функцијата и на СДСМ да и припаднат министерствата за внатрешни работи и за финансии, а Груевски не прифатил ништо од овие барања, пренесува телевизија Телма.
Според извори на телевизијата кои учествуваат на преговорите, лидерот на опозицијата барал и оставка од сегашниот Јавен обвинител, Марко Зврлевски. Ниту Груевски, ниту Заев не сакале да отстапат од своите позиции.
Неизвесно е и дали еврокомесарот Хан вечерва ќе одржи пресконференција за да ги соопшти резултатите од денешните преговори. Пресот беше закажан за 18:30 часот, а потоа неколкупати беше одложен.