424
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција нагласи дека евентуална реконструкција на владата ќе се случи поради окрупнување на парламентарното мнозинство.
„Ако се случува незаконско работење, тука нема реконструкција, тука има кривични пријави, истраги пред обвинителството и готово. Се работи за еден преглед на сите резултати и активности во еден пресек од 10 до 12 месеци, каде што можеме да видиме дали сме задоволни, пред се граѓаните, и сите ние прво одговорни, кои што очекуваме граѓаните да дадат свој коментар за луѓето кои ги поставиле на овие високи и оговорни извршни функции – истакна Заев.