Премиерот Зоран Заев на денешниот митинг на СДСМ во Скопје побара од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да каже какво било владеењето на неговиот претходник Никола Груевски.
-Уште неколку дена ќе заврши кампањата, ама збор не слушнавме од Мицкоски и Силјановска за 11 годишното владеење на неговиот даскал Груевски. Го повикувам да каже каква беше правдата, каква беше слободата на говорот, имаше ли криминал, имаше ли терор и закани и притистоци врз граѓаните, се партизираше ли целата држава, се иницираа ли конфликти за политички цели, се договараше ли промена на името на државата, имаше ли демократија? Ајде нека се одважи за атер на образот за кој вели дека му беше чист. Ако е доблесен ќе рече се срамам од владеењето на мојот претходник и ако сака нека додаде: ова е новото ВМРО-ДПМНЕ. Ајде Мицкоски состави една реченица и кажи ја јасно и гласно ајде гукни да те видам. Не смееш бре човеку, ти се тресат ногавиците да не му згрешиш на пастирот. Не само што идентитето е забетонирам, туку во бетонот има и арматура каква што ти Мицкоски не можеш да ја замислиш, рече Заев.