(ФОТО) Наумче Мојсовски во први редови на митингот на СДСМ: Знам дека Пендаровски ќе остави срце на терен

by fokus 15:41
15:41

На денешниот централен митинг на СДСМ и нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски во првиот ред до премиерот Зоран Заев стоеше поранешниот ракометен репрезентативец Наумче Мојсовски. Тој имаше и обраќање на митингот.

-Знам дека Стево ќе се вложи 100 отсто за нас ако ја добие поддршката. И тој ќе остави срце на терен за водење на државата напред кон подобар живот. Знам дека ќе игра за сите, нема да калкулира, нема да игра само за себе. Ја има мојата поддршка, да му ја дадеме сите за да продолжиме заедно напред, повика Мојсовски.

- Advertisements -

Во првиот ред до Пендаровски беа и неговата сопруга и неговиот син.

Поврзани новости