432
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе му ги достави писмените материјали за преговорите на Али Ахмети, за што побрзо да ги добие потписите од пратениците на ДУИ. Ова беше условот што Ахмети му го постави на Заев, на денешните средби со еврокомесарот Јоханес Хан.
-Ќе ги дадеме материјалите на ДУИ, ќе сториме сè да се заврши процесот на собирање на потписи за формирање Влада. Но, сакам да потсетам дека кога преговараше со ВМРО-ДПМНЕ, тој на Груевски ништо не му побара на писмено- изјави Заев.
Сепак, тој рече дека „има црвена линија на трпението и се разбира дека потоа СДСМ ќе носи одлуки”.
За платформата на Албанците СДСМ има позитивен став, но конечната одлука за барањата во неа, велат дека ќе ја кажат откако ќе го добијат мандатот.