Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за црногорскиот дневен весник „Вијести“ го оценува учинокот на неговите претставници во извршната власт. За работата на Оливер Спасовски и Фросина Ременски Заев изјавил : За овој краток период до сега спречивме нови 300 милиони евра задолжувања, што ќе беа на товар на граѓаните и идните генерации, а Груевски ќе ги употребеше за неговите предизборни цели. МВР обелодени дека има докази за издавање незаконски лични карти на лица кои биле ставени во Избирачкиот список, што значи имале право на глас, а аферата со незаконските лични карти допрва ќе биде обелоденета до крај. Најдовме и обелоденивме како милиони евра пари на граѓаните одат за субвенции на луѓе блиски до власта и од власта, со потпис на министерот за финансии, кум на Груевски, Ставрески. Откривме дека претходниот министер за труд и социјала загрозил социјална помош на 1.400 семејства, со тоа што свесно не одлучувал по нивните жалби, поради што министерката од СДСМ поднесе Кривична пријава против него. Пресретнавме власта на Груевски да спроведе казни за административните работници за 2015 година, што го предвиделе со закон, но мораа да се повлечат.
Заев: Аферата со личните карти допрва ќе се обелодени
389
претходна вест